За само 28 месеци од официјалното претставување, Xiaomi, успеа да продаде над половина милион примероци од својот спортски модел SU7. За уште посилната динамика на продажбата на SU7 помогна освежената, нова генерација лансирана во Март 2026 година.
Лансиран пред помалку од две години и пет месеци, електричниот SU7 на Xiaomi сé уште не престанува да го остава светот без здив – дури и директорот на Ford Џим Фарли кој го возеше подолго време изјави за него дека е фантастичен.