TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Западнонилската треска стивнува – само еден хоспитализиран случај во изминатите 10 дена

ТВ21 - пред: 3 часа

Само еден суспектен случај на Западнонилска треска во изминатите десетина дена е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести. Ова, според директорот на клиниката укажува дека состојбата со западнонилската треска стивнува.

Западнонилски аларм за поинаков пристап

Призма - пред: 9 часа

Со речиси 60 случаи што бараа болничко лекување, од кои дури осум починаа, распространетоста на западнонилската треска предизвика паника. Иако оваа тропска болест во Македонија за првпат била забележана во Драчево во 2011 година, обемот на случаи годинава ги фати институциите ...

Во последната недела само еден хоспитализиран пациент со западнонилска треска, состојбата стивнува – вели директорот на Инфективна

360 степени - пред: 3 часа

„Очекуваме, како што опаѓаат температурите, да заврши и оваа епидемија, бидејќи според светските статистики, така се одвиваат епидемиите, во доцните летни месеци, односно во септември, се очекува пад“, рече тој Во текот на последната недела имаме само еден суспектен ...

Цана: Состојбата со западнонилската треска стивнува, на Инфективна хоспитализирани седум пациенти

Press24 - пред: 3 часа

На Клиниката за инфективни болести во моментов се хоспитализирани вкупно седум пациенти заболени од западнонилска треска, од кои двајца се во тешка состојба. Според оценките на директорот на Клиниката, Фадил Цана, ситуацијата со вирусот почнува да стивнува.

Се смирува состојбата со западнонилската треска, велат надлежните

Слободен Печат - пред: 1 час

Во текот на последната недела имаме само еден суспектен хоспитализран пациент, што значи дека состојбата со западнонилката треска стивнува, рече денеска во изјава за медиумите директорот на Инфективната клиника во Скопје, д-р Фадиљ Цана.