Постоперативното закрепнување на папата Лав XIV се одвива нормално, соопшти денеска Прес-службата на Ватикан, наведувајќи дека резултатите од утринските анализи на крвта и рендгенската снимка на белите дробови, направени по операцијата, се во очекуваните граници.
Еден од постарите браќа на папата Лав XIV исто така се лекува од рак. Луис Превост, кој живее во Флорида, се лекува на клиника за мултипен миелом, изјави неговата сопруга Дебора Превост за американската телевизија Си-Би-Ес, по дијагнозата за рак на белите дробови на понтифот.
Хируршки му е отстранет долниот резен од десното белодробно крило, а дијагнозата ја потврдиле и анализите на ткивото направени за време на операцијата Ватикан соопшти дека се очекува папата да остане во болница околу една недела.
Попладневниот хируршки зафат во римската клиника Џемели помина според планот, а поглаварот останува на закрепнување околу една недела. Ватикан соопшти дека папата Лав попладнево успешно е опериран во римската болница „Џемели“, каде што хируршки му е отстранет мал јазол на белите ...
Здравствената состојба на папата Лав XIV се следи по операцијата на белите дробови, при која лекарите отстраниле канцерозно ткиво. Од Ватикан денеска соопштија дека папата ја минал ноќта мирно во болница, а повеќе информации за неговото закрепнување се очекуваат во текот на ...