Албанскиот премиер Еди Рама повторно упати остри критики кон протестното движење познато како „Фламинго револуција“, кое се противи на изградбата на луксузен туристички комплекс на островот Сазан, поврзан со инвестициски проект на Џаред Кушнер и Иванка Трамп.
Протестите во Албанија влегоа во втора недела. Демонстранти урнаа огради околу градилиште на луксузно одморалиште поврзано со Џаред Кушнер, барајќи оставка од премиерот Еди Рама и запирање на проектот. Протестите во Албанија продолжуваат да добиваат на интензитет.
Албанското обвинителство за борба против корупцијата побара апсење на 20 Албанци осомничени за перење пари, од кои некои може да бидат поврзани со туристичкиот проект поврзан со семејството Трамп, објави АФП.
На плоштадот „Скендербег“ во Тирана денес, 14-ти ден по ред, голем број граѓани се собраа на протестот наречен „Револуција Фламинго“. Демонстрантите, собрани во голем број и со зголемено учество на дијаспората, извикуваа политички слогани, вклучувајќи ги „Рама во затвор“, ...