Русија ноќеска изврши напад со балистички ракети врз Киев, при што беа погодени магацини, а оштетени се и станбени згради. Во неколку градски населби избувнаа пожари, а на терен се упатени екипи на итните служби. Според првичните информации, нема повредени лица.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека во изминатите две недели руските трупи испукале над 100 балистички ракети кон Киев и регионот на Киев , објави Би-Би-Си. „Само овој месец, во октомври – за периодот од 14 октомври – веќе имаше неколку руски балистички напади.