Четири дена без струја се дел од жителите на улиците „Караорман“ и „Дебарска’ во битолската населба Баир. Причина е целосно опожарен трансформатор поради преоптвареност со нелегални приклучоци, велат од ЕВН.
На сонце се грееме бидејќи дома веќе четири дена немаме струја, вели Борис Стојковски, жител на битолската населба Баир, каде во саботата изгоре трансформатор на ЕВН, па голем број семејства од улиците Дебарска и Караорман се без струја.
Дел од корисниците кои останаа без електрична енергија во населбата Баир добиле електрична енергија, екипите на ЕВН продолжуваат на терен со работа за да обезбедат струја и за преостанатите корисници, велат од компанијата.
Жителите на улиците „Дебарска“ и „Караорман“ во битолската населба Баир, од саботата немаат електрична енергија, а не се знае ни кога ќе добијат. Живеат во темница, храната е одмрзната, се снаоѓаат за јадење,а на овие зимски температури се топлат ...
Од ЕВН велат дека поради дефект кој настанал како резултат на сериозно преоптоварување на мрежата, викендов целосно изгорела трафостаницата која со електрична енергија ги напојува жителите на улиците Дебарска и Караорман во Битола.
На 18.01.2020 околу 13.45 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Караорман“ настанал пожар во трафостаница на ЕВН Македонија, при што целосно била опожарена внатрешната инсталација. Пожарот е изгаснат од Противпожарната единица од Битола.
На 18.01.2020 околу 13.45 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Караорман“ настанал пожар во трафостаница на ЕВН Македонија, при што целосно била опожарена внатрешната инсталација. Пожарот е изгаснат од Противпожарната единица од Битола.