Албанскиот премиер Еди Рама денеска изјави дека студентите не се одговорни за насилството во кое беше оштетена зградата на „Европскиот Колеџ“ во Тирана и ја обвини опозицијата дека стои зад ваквите дејствија, за кои рече дека имаат за цел да го нарушат имиџот на Албанија.
Албанскиот премиер Еди Рама изјави за Ројтерс дека нема да поднесе оставка поради насилните протести предводени од студенти, кои влегоа во третиот ден по ред. Полицијата употреби водени топови за да ги растера демонстрантите, кои кршеа прозорци и оштетуваа имот во главниот град, ...
Во Тирана вчера избувнаа жестоки немири во кои демонстрантите нападнаа владини згради, банки, продавници и други објекти. Насилствата траеја повеќе од осум часа и претставуваат нова ескалација на антивладините протести што со месеци се одржуваат во Албанија, објави „Асошијетед ...
Протестите во Тирана – поттикнати од барањата за подобри услови во образованието – денеска прераснаа во насилни судири меѓу демонстрантите и полицијата. За време на немирите беа нападнати државни институции и приватни имоти, беа запалени возила и предизвикани пожари; според ...
Масовни и бојкот на наставата на повеќе факултети и средни училишта ширум Албанија, како израз на револт и спротивставување на политиките на владата. Како што претходно најавија, студентите од Медицинскиот факултет ја прекинаа наставата и започнаа протестен марш кон ...
Протестот во близина на Министерството за образование ескалираше, откако демонстрантите запалија банки. Според достапните информации, огнот го зафатил вториот кат од објектот, а пламените јазици брзо се прошириле, предизвикувајќи загриженост за безбедноста на околните згради.
Судирите меѓу демонстрантите и полициските сили продолжија попладнево во Тирана, во близина на зградата на албанското Министерство за образование, каде што дури ни полициската интервенција со водни топови не ги прекина демонстрациите.