Газираните пијалаци се омилен избор за освежување кај милиони луѓе ширум светот, но експертите сѐ почесто предупредуваат дека нивното редовно консумирање може сериозно да влијае врз здравјето.
Речиси 40 проценти од возрасните во САД секојдневно пијат газирани засладени пијалаци. Иако се многу популарни, нутриционистите предупредуваат дека нивната редовна консумација може негативно да влијае врз здравјето, пишува „Хелт“ .