Предлог-законот за игри на среќа и забавни игри е противуставен, дискриминаторски и донесен набрзина во функција на политички популизам, кој наместо да ги заштити младите, ќе го потисне бизнисот на црниот пазар и ќе остави 10.000 луѓе на улица.
Европскиот експерт жестоко го критикуваше и новиот модел на оданочување, особено воведувањето на минималната фиксна давачка од 1.000 евра по уплатно место, нарекувајќи го економски апсурд кој води кон директна пропаст.
Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) на јавната расправа пред собраниската Комисија за финансирање и буџет остро се спротивстави на Предлог-законот за игри на среќа. Претседателот на АСОМ, Васко Илијевски, во своето обраќање пред пратениците ги претстави ...