Сабота навечер, недела наутро, густ мрак, време кога можеби би требало да се пишува за Месечината, облачињата и пеперутките кои додека ние постарите седиме дома, ги движат младите, им го зголемуваат адреналинот и им даваат енергија.
Како и секоја друга еуфорија што ќе биде оставена да прерасне во фанатизам, така и евтиниот увоз на користени автомобили смени многу во секојдневието, во погрешна насока. Но, тој фанатизам се хранеше и со погрешни решенија, за коишто мораше предвреме да се согледаат последиците.