Во североисточниот регион Карамоџа дожд речиси и да немало од почетокот на сезоната за садење, а илјадници семејства останале без храна Најмалку 16 луѓе починале од глад во последните недели во североисточниот дел на Уганда, каде долготрајната суша ги уништила посевите и ...
Премиерката Робина Набаџа изјави дека илјадници семејства останале без храна откако сушата ги уништила посевите. Таа рече дека нејзината канцеларија во понеделник ќе побара одобрение од владата за набавка на дополнителни залихи за погодените подрачја.