Македонската пресметка во финалето на турнирот „Крсте Андоновски“ му припадна на ГРК Охрид, кој повторно на сметка на Вардар успеа да дојде до нов пехар пред стартот на сезоната. Избраниците на Борис Ројевиќ славеа со 29-27 (12-10).
Охрид продолжува да доминира на меморијалниот турнир „ Крсте Андоновски-Усташ“ . Домаќинот ја одбрани титулата од минатата година, откако во финалниот натпревар славеше над Вардар 1961 со 29-27. Охриѓани одиграа одличен турнир, а успехот го потврдија и со бројните индивидуални ...