„Ова не е плажа, не е базен и не е место за вакво однесување. Фотографиите што ги објавувам се направени пред храмот „Св. Никола“ во Маврово, на место кое за нас претставува свет и духовен простор“, вели Toни Чаловски од Скопје и испраќа јавен апел.
Тони Чаловски попладнево на својот фејсбук-профил објави неколку фотографии на кои се гледа како лица во костими за капење се качуваат по надворешниот ѕид на кулата на делумно потопената црква „Св. Никола“ во Мавровоското Езеро.
Јавно објавени фотографии на кои се гледаат лица во костими за капење кои се качуваат по надворешниот ѕид на кулата на црквата „Св. Никола“ во Маврово предизвикаа реакција на социјалните мрежи. Авторот на објавата тврди дека станува збор за посетители кои пристигнуваат со ...