Маркос Љоренте фудбалерот кој со Шпанија го освои Светскот опрвенство одлучи да стави крај на репрезентативната кариера на 31 година. Дресот на репрезентацијата Љоренте го носеше на само 27 натпревари, но и четири пати настапи на последното Светско првенство.
Фудбалерот на Атлетико Мадрид, Маркос Љоренте, објави на социјалните мрежи дека се повлекува од шпанската репрезентација. Овој 31-годишен десен бек ѝ помогна на репрезентацијата летово да го освои Светското првенство.
Шпанија ова лето триумфираше на најголемиот фудбалски настан, Светското првенство кое се одржа во САД, Мексико и Канада. Шпанците уште еднаш покажаа како треба да функционира еден колектив, тим, колку добар систем знае да испорача резултати.
Маркос Љоренте донесе неочекувана одлука и стави крај на репрезентативната кариера, иако наскоро ќе наполни само 32 години. Фудбалерот на Атлетико Мадрид реши да се збогува со националниот дрес откако со Шпанија го освои Светското првенство.