Македонските кошаркарски кадети со чудесен пресврт вечерва успеаја да слават голема победа против селекцијата на Швајцарија со 89:76. Ова е втора победа на Македонија на ова ЕП во Б дивизијата. Таа дојде откако нашите кадети одиграа фантастично второ полувреме и со голем пресврт ...
Селекторот на македонската кадетска репрезентација, Дејан Стојановски, по втората победа на Европското првенство од Дивизијата „Б“ во Гевгелија, истакна дека неговите избраници покажале карактер и одлична реакција во второто полувреме против Швајцарија.
Македонската кадетска репрезентација денеска игра битен натпревар против Швајцарија, на Европското првенство во Б Дивизијата. Пред клучниот меч во разврската за повисок пласман, селекторот Дејан Стојановски потенцира дека мора да гледаат позитивно и да гледаат напред.