Поранешната европска комесарка за здравство и заштита на потрошувачите, италијанска министерка за надворешни работи и за европски прашања и меѓународна тргаовија и активистка за легализација на абортусот и разводот во католичката Италија, Ема Бонино почина на 78-годишна возраст.
Влегувањето на Ема Бонино во политиката беше обележано со личен и пркосен чин. Откако беше принудена да направи нелегален абортус на 26-годишна возраст, таа се предаде на полицијата за да го привлече вниманието на јавноста кон понижувачкиот статус на жените.