Тетовска Шкендија денеска потврди дека е постигнат договор со крилниот напаѓач Алмир Криезиу, кој официјално е најновото засилување за „црвено-црните“. 27-годишникот успешно ги помина медицинските прегледи пред да потпише двегодишен договор.
Македонскиот прволигаш Шкендија го засили офанзивниот дел од тимот со Алмир Криезиу, кој доаѓа од косовскиот тим Балкани. Тој потпиша двегодишен договор со Шкендија и ѝ се приклучува на екипата на подготвителниот период во Словенија.