Според податоците на Министерството за здравство за состојбата во Гостивар на 29 јули, 73 пациенти побарале лекарска помош, а четворица биле хоспитализирани. Воедно, во Здравствениот дом во Гостивар се регистрирани уште 28 нови прегледи во дежурната служба.
Се следат анализите на водата за пиење од градскиот водовод во Гостивар и ќе продолжат во текот на викендот. Неблагодарно е да се предвидува кога граѓаните на Гостивар ќе може да ја користат водата за пиење, истакна денеска во Штип министерот за здравство, Сашо Клековски.
Министерот за здравство Сашо Клековски денес во штип на новинарско прашање одби да даде можен рок за враќање на водата за пиење во Гостивар. Премиерот Христијан Мицкоски претходно од Делчево откри зошто водата во Гостивар не е сѐ уште за пиење, туку може да се користи само за ...
Министерот за здравство Сашо Клековски изјави дека институциите нема да дозволат водата во Гостивар повторно да се користи за пиење и подготовка на храна сѐ додека не се добијат три последователни исправни резултати од анализите.