Пејачката со мајка ѝ и синот Марио крстари меѓу далматинските острови, а најголем хит во нејзиниот влог стана моментот кога силниот ветер ја затресе едрилицата, а Верица очајно се обидуваше да го задржи тенџерето со ручекот.
Победничката на Евровизија 2007 година, Марија Шерифовиќ, одлучи ова лето да ги замени големите сцени со помирен ритам на Јадранското Море. Таа плови во друштво на нејзината мајка Верица Шерифовиќ и синот Марио.