Жил Кунде го загуби статусот на стартер во редовите на Барселона во оваа сезона, па така на трите натпревари пред репрезентативната пауза остана на клупата за резерви, но вчера доби шанса од првата минута и беше активен до самиот крај во средбата со Хетафе.
Барселона ја продолжи победничката серија со убедливиот триумф од 3-0 над Хетафе, а натпреварот имаше посебно значење за Жил Кунде . Францускиот дефанзивец не само што се запиша меѓу стрелците, туку и испиша нова страница во историјата на каталонскиот гигант.