Фудбалските репрезентации на Аргентина и Шпанија би можеле повторно да се сретнат во ноември оваа година. Бројни извори денес објавија дека претходно одложениот „Финалисима“, кој беше планиран за март 2026 година, би можел да се одржи осум месеци подоцна.
Голем број луѓе се собраа рано утрово по локално време за да го пречекаат Лионел Меси на аеродромот „Ислас Малвинас“ во Росарио, од каде што се врати со лет од Мајами, во друштво на своето семејство, одделно од остатокот од тимот што слета вчера во Буенос Аирес.
Капитенот на Аргентина, Лионел Меси, се огласи по поразот во финалето на Светското првенство. Фудбалерите на Аргентина не успеаја да ја одбранат титулата светски шампион, бидејќи беа поразени од Шпанија во финалето на Светското првенство со резултат од 1:0.
На Светското првенство во САД, Мексико и Канада се стави крај на една спектакуларна мундијалска кариера на Лионел Меси. Легендарниот Аргентинец синоќа по третпат како капитен јаа предводеше својата репрезентација во финалето на СП, но за негова жал, вторпат беше поразен.