Пред 133 години, во една куќа во Солун, шестмина интелектуалци се собрале со идеја која во тоа време била опасна дури и да се изговори гласно – Македонија да добие политичка слобода и право сама да одлучува за својата иднина. Немале држава, војска или институции зад себе.
Партијата Единствена Македонија им го честита 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба на македонскиот народ и на сите граѓани на Република Македонија. Од партијата посочуваат дека овој датум има посебно место во колективната меморија на македонскиот народ.
На 23 октомври 1893 година, шестмина интелектуалци се собрале во домот на Иван Хаџи Николов во Солун и ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Од идејата за автономија до Илинденското востание, нивниот потег станал важен дел од историјата на ...