После многу бурни расправи во Собранието, референдумот беше распишан на 6 август. Веќе првите августовски анкети на весникот „Вечер“ покажаа дека ќе имаме успешен референдум и дека близу 80% од граѓаните ќе се изјаснат „за“ самостојна и суверена Македонија.
Гледано од тогашен, но многу повеќе набљудувано од денешен аспект, референдумот од 8 септември 1991 година е еден од најсветлите датуми во историјата на македонскиот народ. Не случајно го доби ореолот на Трет Илинден.
Во Собранието на Република Македонија се водеа жестоки и често и бесмислени битки, кога подготвената одлука за референдумот за осамостојување се обиде да влезе на дневен ред. Поддржувајќи ги и предлогот на СДСМ и на Рефорските сили за референдум и на ВМРО-ДПМНЕ за Декларација за ...
По 35 години од осамостојувањето и од дисолуцијата на поранешна СФР Југославија ќе евоцираме некои сведоштва за државноста, ги има премногу. Македонската пролет во предвечерието на дисолуцијата на поранешна СФР Југославија започна со блокадите на македонско-грчката граница во ...