ДУИ преку соопштение реагираше поради, како што наведува партијата, отстранувањето на албанскиот јазик од државните табли на граничниот премин Табановце, оценувајќи дека станува збор за директно прекршување на законските и уставните одредби за употребата на јазиците.
Соопштение за јавност на ДУИ: Отстранувањето на албанскиот јазик од државните табли на граничниот премин Табановце, на територијата на Општина Куманово, претставува директно прекршување на законот и на уставните обврски за употреба на јазиците.
Потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи, објави дека албанскиот јазик е отстранет од официјалната табла за добредојде на македонската граница. „Албанскиот јазик е отстранет од официјалниот знак за добредојде на северно-македонската граница.