На шестиот ден од насилните протести во Тирана, повредени се 16 полицајци. На мета на нападите се најдоа и седиштето на владејачката Социјалистичка партија, како и зградата на Министерството за внатрешни работи, пренесува „Албанијан пост“ (Albanian Post).
Албанскиот премиер Еди Рама тврди дека пред два дена бил неутрализиран дрон со експлозив, со кој наводно се планирало да биде нападната зградата на албанската влада и да се предизвика пожар во внатрешниот двор.
Пулс24 - Журнал - 360 степени - Рацин
Директорот на полицијата во Тирана, Олигер Торба, вечерва пристигна во Универзитетската болница за трауматологија со преврзана рака, откако се здобил со повреда за време на протестот што денеска се одржа во албанскиот главен град, пренесува „Еуроњуз Албанија“ (Euronews Albania).