Општина Карпош утре (среда) продолжува со големата еколошка акција за почисто и позелено Скопје, со повик до граѓаните активно да се вклучат во уредувањето на јавните површини. Акцијата ќе започне во 11 часот, а собирното место е пред зградата на Општина Карпош.
Во среда во 11 часот продолжува акцијата за чистење на Скопје, најави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Во акцијата, која ќе се спроведува на повеќе од 50 локации, ќе се чистат паркови, улици, пешачки патеки, јавни површини и простори меѓу зградите.
Во Скопје денеска се спроведе масовна еко-акција за расчистување на градот, во која учествуваа градоначалници, волонтери, млади и граѓани, како и советници од опозицијата. Информацијата ја објави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, кој упати благодарност до сите учесници.