СДСМ ја обвини Владата дека ја води државата во политичка изолација и дека по две години власт нема видлив напредок во евроинтеграциите. Од партијата оценуваат дека наместо исполнување на реформите и отворање на европските перспективи, граѓаните добиваат политички пораки кои, ...
Портпаролката на СДСМ и членка на партискиот Извршен одбор, Богданка Кузеска, ја обвини Владата предводена од премиерот Христијан Мицкоски дека со своите политики ја оддалечува државата од Европската Унија и ја продлабочува политичката и економската изолација на Македонија.
Опозицискиот СДСМ обвини дека застојот во евроинтеграциите има сериозни економски последици и оцени дека Македонија губи пристап до милијарди евра европски средства поради, како што наведува партијата, неуспешната надворешна политика на актуелната власт.
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, ја обвини владата предводена од Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ дека ја оддалечува Северна Македонија од европскиот пат, во време кога, според него, Европската Унија покажува подготвеност за проширување со земјите кандидати.