Метеоролозите најавуваат голема атмосферска нестабилност со поројни дождови и град во средината на неделата. Високите температури достигнаа до 34,5 степени во Гевгелија, додека во Скопје-Петровец беа измерени 31,7 степени во 15 часот по UTC.
Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. извор : УХМР
Во среда и четврток претпладне времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, соопшти УХМР. Заради големата енергија во атмосферата локално процесите ќе бидат во форма на невреме ...
Времето денеска ќе биде сончево и топло со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 19, а максималната ќе достигне од 30 до 36 степени. Во Скопје, ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.