Пред десетина години ретко кој на кафе зборуваше за својот микробиом. Денес знаеме за „gut health“, пробиотици, пребиотици, fermented food, detox, bloating, cortisol belly и барем една личност што престанала да јаде нешто затоа што TikTok ѝ кажал дека „ѝ го воспалува организмот“.
Здравјето на цревата стана една од најпопуларните теми на социјалните мрежи, со милиони објави кои нудат совети за справување со надуеноста и подобрување на цревниот микробиом. Гастроентерологот д-р Вил Булсијевич предупредува дека големиот број следбеници не е доказ за ...
Сè повеќе реклами и кампањи на социјалните медиуми ги охрабруваат луѓето да купуваат пробиотски додатоци, додека овошјето, интегралните житарки и зеленчукот, кои всушност му се потребни на цревниот микробиом, се занемаруваат, според авторите на една нова студија.
Во студија објавена во септември во медицинското списание Clinical Gastroenterology and Hepatology, истражувачите изразуваат загриженост дека пробиотските суплементи сè почесто се користат како замена за поквалитетна исхрана.