Според извори запознаени со иранските кругови за донесување одлуки, Техеран ја разгледува можноста за напад врз американските воени објекти во Југоисточна Европа, вклучувајќи ја и Бугарија, пишува „Фајненшел тајмс“.
Бугарскиот министер за внатрешни работи Иван Демерџиев изјави дека во координација со Министерството за одбрана се преземени „сите можни мерки“ за заштита на базата каде се стационрани американски авиони. Бугарија ги засили безбедносните мерки во воздухопловната база Безмер по ...
НАТО е подготвен да одговори на секоја закана и ќе ги преземе сите неопходни мерки за заштита на своите сојузници, порача функционер на Алијансата, откако се појавија информации дека Иран разгледува можност за напади врз американски воени цели во Европа.