„Очекуваме целосно расчистување на случајот, а секој што ќе има утврдена одговорност ќе сноси последици согласно закон“, велат од Владата Поради актуелната состојба со водоснабдувањето во Гостивар, Владата донесе одлука за итна поддршка на населението.
Владата од денеска и во наредните неколку дена, интервентно ќе обезбеди по 50.000 литри дневно бесплатна вода за пиење за граѓаните на Гостивар, додека траат мерките и препораките на надлежните институции. До оваа одлука дојде откако граѓани од останатите градови на своја ...
Владата обезбеди 50.000 литри вода дневно за жителите на Гостивар додека трае забраната за користење на водата од градскиот водовод. Еве каде ќе се дели вода. Владата обезбеди 50.000 литри вода дневно за жителите на Гостивар, со цел да се задоволат основните потреби на ...
Цистерната ќе биде поставена на паркингот кај Домот на културата, во близина на Џамијата во Нова Маала Цистерна со вода за пиење е обезбедена за жителите на Гостивар, по барање на локалниот огранок и со поддршка на советниците на Влен во Град Скопје.
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, преку објава на Фејсбук информираше дека Град Скопје испраќа цистерни со питка вода за граѓаните на Гостивар, поради сомнежите дека водата од градскиот водовод е причина за здравствените проблеми кај поголем број жители.
Поради актуелниот проблем со питката вода и забраната за нејзино користење за пиење, Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ – Гостивар обезбеди 20.000 шишиња вода, кои ќе им бидат ставени на располагање на сите граѓани на кои им е потребна.