Иако интолеранцијата на лактоза може да предизвика потешкотии во секојдневното функционирање, таа не е опасна по здравјето и со малку дисциплина во исхраната, може да биде скоро незабележлива.
Интолеранцијата на лактоза, всушност, претставува состојба на неможност или намалена способност на варење на млечниот шеќер познат како лактоза. Важно е да направите тест за да дознаете дали сте интолерантни на лактоза или пак сте алергични на млеко.