На ГП Богородица се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за излез од државата е околу 2 часа, велат од АМСМ Авто мото сојузот на Македонија информира дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Сообраќајот на државните патишта низ Македонија се одвива непречено, по претежно суви коловози, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ). Според АМСМ, интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
На граничниот премин „Богородица“ утрово е зголемена фреквенцијата на возила, пришто за излез од државата се чека околу 2 часа, а за влез на ГП „Табановце“ околу 30 минути. Како што информираат од АМСМ, на останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања ...