Ако поради пропуст во системот се наруши довербата во македонските земјоделски производи, последиците нема да ги почувствуваат само производителот и извозникот на спорната пратка. Цената може да ја платат илјадници земјоделци преку посложен извоз, дополнителни контроли, повисоки ...
Над 11 тони македонски пиперки што Бугарија ги врати поради зголемено ниво на пестициди ќе бидат уништени, но се уште не е решено каде. Ова денес на прес конференција го соопшти директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Оливер Миланов, откако соседната земја, членка на ...
Директорот на АХВ, Оливер Миланов, вели дека операторот има право пратката да биде уништена во земјата увозник или да биде вратена во Македонија. Сè уште не е решено каде ќе бидат уништени 11,6 тони македонски пиперки што Бугарија ги врати поради зголемено ниво на пестициди.
Повторно се отвора прашањето за безбедноста на храната што стигнува на трпезите. Пратка од 11,6 тони пиперки од Македонија е одбиена во Бугарија откако при контролата биле утврдени зголемени концентрации на пестициди, потврди Агенцијата за храна и ветеринарство.
Бугарските власти вратиле пратка од 11,6 тони пиперки од Македонија, откако лабораториските анализи покажале присуство на пестицидот форметанат над дозволената граница. Пратката пристигнала преку граничниот премин Златарево и била наменета за трговец во Петрич.