„Цел живот трагам кај е брат ми. Цел живот го барам“, вели Силвана Ивановска. Во еден момент ја убедуваат дека нејзиниот брат не постои и дека е луда. Имала единствено една фотографија која била доказ дека нејзиниот брат – Александар Ивановски постои.
„Мајка ми се премажи во Пендак кога имав 3 години, рурално место, нема струја, нема вода. Ние пиеме вода од кладенец, а струја „имаме“ со свеќа. Неразвиено место. Се сеќавам дека имавме само некои основни работи...