Шеесет и двегодишен маж е пронајден починат во својот дом на подрачјето на општина Ѓорче Петров во Скопје, а на неговото тело биле забележани траги на насилство, потврдија од Министерството за внатрешни работи за „Скопје1“.
Во домот во населбата Хром во Ѓорче Петров, вчера полицијата го нашла починат С.Ј. (62). Настанот бил по пријава од граѓанин, во 18:40 часот во СВР Скопје. Најверојатно се работи за убиство, затоа што од МВР велат дека лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт со траги на ...
На 22.10.2026 во 18:40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во својот дом на подрачјето на општина Ѓорче Петров во Скопје бил пронајден починат С.Ј.(62). Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт со траги на насилство.