Како се зачувува културното наследство не може да се научи само од учебници. Највредното знаење се стекнува на самите споменици на културата – преку размена на искуства, различни пристапи и заедничка работа на стручните лица.
Битолскиот Завод и Музеj во Преспа и Битола организираше дводневна стручна работилница за конзервација на културното наследство, на која учествуваа конзерватори, реставратори, архитекти, археолози и други експерти од Македонија, Грција и Албанија.
НУ Завод и Музеј – Битола организираше дводневна меѓународна стручна работилница посветена на конзервацијата на културното наследство, во рамки на проектот ACT4PRESPA, финансиран од Европската Унија. Работилницата собра конзерватори, реставратори, архитекти, археолози и други ...