Вечерва во Малта се одржа 24-то издание на Јуниорскиот Евросонг, а победник е Ерменија. Нашата Ана заврши на последното место, со 57 поени. Во прекрасна атмосфера, со 16 нови песни од 16 земји учеснички, вечерва во Малта се одржа 24 издание на Јуниорскиот Евросонг.
Можете да ја поддржите „Идната јас“ и од Македонија. Но за успешно гласање треба да изберете вкупно три песни, а не само македонската. Ана Стојаноска вечерва настапува на Детската Евровизија во Малта, а публиката може да ја поддржи уште пред да излезе на сцената.
По една недела интензивни проби во Малта, Ана Стојаноска е подготвена да ги брани боите на Македонија на 24-тото издание на Јуниорскиот Евросонг што ќе се одржи утре - вие може да гласате за неа. Тимот на Македонската Телевизија вечерва се соочува со еден од клучните моменти во ...