Цените на угостителските услуги во август годинава се зголемени за 3,7 % во споредба со истиот месец минатата година. Во однос пак на јули, регистриран е благ раст од 0,6 %, соопшти денеска Државниот завод за статистика.
Трошоците на животот во август 2026 година се зголемиле за 0,4 отсто во споредба со јули, додека во однос на август минатата година пораснале за 2,6 отсто. Најголемо месечно зголемување на трошоците било забележано во групата рекреација, спорт и култура, за 3,1 отсто.
Во Албанија стапката на инфлација во август достигна 3,2% , наспроти 2,3% во истиот месец минатата година, додека во споредба со јули, потрошувачките цени се зголемиле за 0,1%. Според податоците на Институтот за статистика (ИНСТАТ), најголемо влијание врз годишната инфлација ...