Се работи за најдобриот договор што не само што го спречи конфликтот туку е и инклузивен договор што обединува и ја направи Македонија заедничка земја за сите, оцени денеска поранешната дипломатка на ОБСЕ, Кларис Пастори.
На панелот-дискусијата беше истакната потребата од продолжување на реформите, зајакнување на децентрализацијата, владеењето на правото и европската интеграција, како и подобрувањето на квалитетот на јавните услуги.
По повод 25-годишнината од Охридскиот рамковен договор, Министерството за односи меѓу заедниците организираше панел-дискусија на која учествуваа професори, експерти, поранешни дипломати, политичари, новинари и претставници на граѓански организации.
Под покровителство на Министерството за односи меѓу заедниците и министерот Агон Ферати денеска и утре со низа активности и панел-дискусии ќе почне одбележувањето на 25-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор.