„Агроефодиа“, фирма од Струмица за вештачки ѓубрива со краен сопственик од Кипар, иницира пред Основниот суд во Битола предстечајна постапка за ЗК Пелагонија, акционерското друштво кое ја поседува најголемата житница во земјата.
Во предлогот за претходна стечајна постапка предложен е и привремен стечаен управител, а според соопштението на стечајниот судија, се работи за долг од 800.000 евра, за кој што доверителот имал судско решение за наплата.