Вардар е голем фаворит за триумф против последнопласираниот Башкими, но тоа треба да го покаже и на теренот. Не е лесно да се игра на Градскиот стадион во Куманово, а домаќините сигурно ќе имаат огромни мотиви да го сопрат актуелниот шампион.
Прволигашката македонска фудбалска конкуренција денеска носи само еден натпревар од седмото коло. Tоа е дуелот што ќе се игра во Kуманово во кој кај последно пласираниот состав на Башкими гостува актуелниот првак Вардар.
Актуелниот шампион на Македонија, Вардар, пред само две кола имаше негатива од осум бода позади тогаш максималната Шкендија, но попладнево ќе има шанса да се доближи на само минус три од врвот на прволигашката табела.