Фудбалерите на Вардар се подготвуваат за својот прв настап ова лето на меѓународната сцена, првите 90 минути во вторник од 19.00 часот (7 јули) во рамките од првото квалификациско коло во Лигата на шампионите против КуПС од Финска.
Во вторник, 7 јули, македонскиот фудбалски првак Вардар со почеток од 19.00 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје ќе го игра првиот натпревар од првото квалификациско коло во Лигата на шампионите против финскиот КуПС.
Капитенот на актуелниот шампион ФК Вардар, Азер Омерагиќ, утрешниот дуел од првото коло од квалификациите од Лигата на Шампионите против првакот на Финска, КуПС го најави следната изјава. „Мотив и привилегија да се претставува Вардар.
Од вечерва експедицијата на КуПС, противникот на Вардар во 1.квалификациско коло во Лигата на Шампионите е во Скопје. Информациите велат Финците биле радосни кога слетале во главниот град поради фактот дека не било многу жешко, ако се знае какви температури имаше минатите денови.