TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Шкендија (А) додаде уште две имиња и го комплетираше составот за сезонава

Дерби - 06.09.2026

Новиот член на Првата македонска фудбалска лига Шкендија Арачиново промовираше уште две засилувања со кои го комплетираше составот за натпреварувачката 2026/2027. Скопскиот тим ги обезбеди потписите на Ринор Ајдини и Нијаз Јусуфи, двајца играчи од средината на теренот.

И Ајдини и Јусуфи за посилна Шкендија Арачиново!(ФОТО)

SportSport - 06.09.2026

И дефинитивно Шкендија Арачиново сезонава и тоа како ќе има добар тим. Познато е дека дебитантот во ПМФЛ цело лето во текот на преодниот рок се засилуваше со нови имиња, а денеска и официјално објави дека нови играчи се Ринор Ајдини и Нијаз Јусуфи.

Шкендија Арачиново доведе уште две нови засилувања

МакФудбал - 06.09.2026

Шкендија Арачиново продолжува да го гради составот со кој ќе се натпреварува во својата дебитантска сезона во ПМФЛ. Тимот од Арачиново денеска официјално ги промовираше Ринор Ајдини и Нијаз Јусуфи, со што, според најавата од клубот, трансфер-активностите за ова лето се завршени.