Вчера на Европското првенство за У-19 во Лозница, Србија, настапија двајца наши боксери, Семи Елмази и Абдулкадир Даци. За жал, и двајцата загубија. Денес требаше да настапи и третиот наш репрезентативец Никола Тасевски, но од технички причини нема да се појави во рингот.
Нашите боксери ги добија противниците на Европското првенство за У-19 во Лозница, Србија. Нашата тројка ќе ги одмери силите со репрезентативци на Литванија, Белгија и Белорусија. На Европското првенство под капа на Светски бокс настапуваат 354 боксери, 231 во машка конкуренција ...
Македонската бокс репрезентација до 19 години пристигна во Лозница, Србија, каде што од денес до 22 август се одржува Европското првенство за У-19. Македонија на Европското првенство под капа на Светски бокс настапува со тројца боксери: -60 кг Семи Елмази -70 кг Никола Тасевски ...