Еурофарм Пелистер ќе биде единствениот претставник на нашата земја во групната фаза од Европската лига на ЕХФ за сезоната 2026/27. Битолчани имаат и одлична стартна позиција пред ждрепката на 17 јули бидејќи се сместени во првиот шешир и ќе бидат меѓу носителите.
Македонскиот ракомет и следната сезона ќе има претставници на европската сцена, а дури четири клуба ќе настапуваат во ЕХФ Европскиот куп, натпреварување во кое македонските екипи ги освоија последните две титули.
Европската ракометна федерација денеска ги објави клубовите кои ќе се натпреваруваат во Лига Европа и во Европскиот куп. Од македонските екипи Еурофарм Пелистер ќе биде дел од Лига Европа, а 32-те екипи ќе бидат поделени во осум групи по четири екипи.
Со десет натпревари вечерва официјално започнува новата сезона во квалификациите за Лигата на шампионите на УЕФА. Првото квалификациско коло традиционално носи дуели меѓу шампионите на помалите европски лиги, но за македонската јавност освен настапот на нашиот шампион Вардар, ...