Место најдобрата партија на ова Европско, македонската репрезентација го одигра еден од најслабите натпревари на досегашните учества на континенталните собири и со пораз од Португалија 3:0 (25:13, 25:20, 25:20) ги загуби шансите да се надева на пласман во осминафиналето.
Португалската репрезентација во завршницата од групната фаза на Европското првество во Софија, влегува со забележлива физичка исцрпеност, но и со желба настапот да го заврши со победа, констатира селекторот на денешниот противник на Македонија, Жозе Хозе.
Бранителот на европската титула, репрезентацијата на Полска, ја потврди фаворитската улога во групата Б, која се игра во Софија, и стигна до својата трета победа во низа, откако со 3-0 во сетови (25-19, 25-16, 25-13) ја совлада Македонија на 34.
Во црвено и жолто, со македонски знамиња, насмевки и громогласна поддршка од трибините, македонската одбојкарска репрезентација во Софија ја има најважната поддршка – онаа од своите најблиски. Во арената „8888“ покрај македонските навивачи, посебно внимание привлекуваат ...