Од УХМР најавуваат дека до вторник ќе се задржи претежно облачно и постудено време со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат пообилни (над 20 l/m²), особено во вторник. Од среда до почетокот на викендот времето ќе биде стабилно и суво, со променлива облачност во ...
Најниска утринска температура од 0 степени е измерена на Попова Шапка, додека најмногу дожд во изминатите 24 часа наврнал во Струмица, каде се измерени 25 литри на метар квадратен, покажуваат податоците од метеоролошките станици.
Облаци и повремен дожд ќе го одбележат почетокот на неделата во Македонија. Во вторник, 3 ноември, во повеќето градови ќе биде посвежо, а од среда се очекува претежно суво време, со сончеви периоди во дел од земјата.
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни (над 25 l/m²). Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Во Скопје, претежно облачно со повремен дожд, особено попладне и во текот на ноќта. Ќе дува слаб ветер од северен правец.