TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Евролига преглед: Партизан со страшен пресврт во Париз, Звезда кратка за чудо во Белград!

SportStation - пред: 7 часа

Првата недела со двојна програма во Евролигата ни донесе вистински спектакл и натпревари кои долго ќе се прераскажуваат. Второто коло изобилуваше со драми во последните секунди, историски рекорди, сензационални камбеци и присуство на холивудски ѕвезди на трибините.

Различно расположение во Белград: Црвена Звезда претрпе втор пораз, Партизан запиша втора победа

Дерби - пред: 6 часа

Црвена Звезда можеше да си дозволи пораз од Жалгирис кој секогаш важи за исклучително квалитетен тим во Евролигата, но денеска дефинитивно никој не очекуваше втор пораз на домашен терен во новата натпреварувачка сезона во Евролигата.

Евролига: Нова победа на Партизан, нов пораз на Ц. Звезда

SportSport - пред: 7 часа

Кошаркарите на Партизан славеа на гостувањето кај Париз со 92:79 во второто коло од Евролигата. „Црно-белите“ постепено го презедоа ритамот, а на полувремето заминаа со предност од 44:40. Во последната четвртина белградскиот тим целосно го скрши отпорот на домаќинот и стигна до ...

ВИДЕО | Совршен старт на Партизан во Евролигата — „Црно-белите“ го освоија Париз

Слободен Печат - пред: 6 часа

Партизан продолжи со совршениот старт во Евролигата. По победата над Милано во првото коло, „црно-белите“ славеа и на гостувањето кај Париз со 92:79, во натпревар во кој одбраната повторно беше главното оружје на тимот на Жоан Пењароја.

ВИДЕО | Втор пораз за Звезда во Евролигата: Хапоел се радуваше во Белград

Слободен Печат - пред: 8 часа

Кошаркарите на Црвена звезда го претрпеа вториот пораз во Евролигата откако вечерва на свој терен загубија од Хапоел со 80-81. Звезда сезоната ја отвори со пораз од Жалгирис, а сега повторно им приреди разочарување на своите навивачи.

Евролигата продолжува со второто коло: осум натпревари вечерва, Реал Мадрид бара прва победа

Рацин - пред: 13 часа

По возбудливиот старт на сезоната, кошаркарската Евролига вечерва го отвора второто коло со осум натпревари. Програмата почнува во 18:00 часот со дуелот меѓу Дубаи и Барселона, а завршува со пресметката Париз – Партизан од 20:45 часот.