Украинец е уапсен денес во Хрватска под сомнение за поврзаност со подводните експлозии што ги оштетија гасоводите „Северен тек“ меѓу Русија и Германија во 2022 година, објави германското федерално обвинителство, како што објави Асошиејтед Прес. Украинецот Владимир З.
Врз основа на европскиот налог за апсење од Германија, хрватските власти го уапсија украинскиот државјанин Владимир З. во Пула, кој беше обвинет за учество во саботажата на гасоводот Северен тек. Се очекува негова брза екстрадиција.
Украинецот кој денеска беше приведен во Пула се поврзува со една од најголемите подводни саботажи во модерната историја – експлозиите на гасоводите Северен тек 1 и 2 во Балтичкото Море во септември 2022 година.